Скопје се наоѓа на 13. место на ранг-листата на најдостапни градови во светот во 2014 година според индексот на цените за сместување, покажува истражувањето спроведено од веб страницата „Го еуро“ (GoEuro.com).
Станува збор за индекс што ги следи состојбите во повеќе од 60.000 сместувачки капацитети во повеќе од 150 градови во светот, а чијашто цел е да се утврдат ефектите од новите трендови во хотелската индустрија.
Според истражувањето, растечката популарност на глобално достапната мрежа за обезбедување сместување „Ербнб“ (Airbnb) и континуираниот пораст на индустријата на хостели денес се сметаат како важни фактори за сите што сакаат да патуваат и да резервираат ноќевање.
На објавената ранг-листа на „Го еуро“ Скопје е меѓу 15-те градови во светот со најприфатливи цени за сместување во сите категории. Њујорк е рангиран како најскап град воопшто, а Тирана како најевтин. На албанскиот главен град друштво во групата најевтини градови во светот од регионот му прават Софија, која е рангирана на третата позиција, Букурешт на седмата и Белград на деветтата.
„Го еуро“ е веб-страница лоцирана во Берлин за пребарување информации за патувања низ Европа и нуди споредби, односно комбинира опции за патувања со авион, железница, автобус или со изнајмен автомобил.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
180.000 туристи блокирани: До најпопуларните грчки острови денеска нема одење, прашање е кога ќе може
-
Туристите збунети, Грците се изгубија во преводот на таблите (Фото)
-
Нови студиски програми на англиски јазик на Факултетот за туризам и угостителство во Охрид (видео)
-
Размислете за Италија, Владата подарува вили и замоци