| четврток, 6 декември 2018 |

Холивудските разделби во 2014 година

00037766

Во 2014 година многу повеќе двојки се разделија отколку што се венчаа. Некои од нив целосно неочекувани разделби, други, пак, не толку.

Еве ги  номинациите за кои разделби на познатите во 2014 година,  најмногу се зборуваше и кои најмногу нѐ изненадија.

Џенифер Лопез и Каспер Смарт

Каспер Смарт и Џенифер Лопез

Каспер Смарт и Џенифер Лопез

 

Во јуни Џенифер Лопез се раздели со своето момче Каспер Смарт. Двајцата излегуваа заедно повеќе од две години, а Каспер стана исклучително близок со двете деца на пејачката. При разделбата се појавија гласини дека Смарт ја изневерил Џенифер, но таа тоа ниту го потврди ниту пак го негираше.

Адријана Лима и Марко Јариќ

Марко Јариќ и Адријана Лима

Марко Јариќ и Адријана Лима

Адријана Лима објави дека се разделува со кошаркарот Марко Јариќ во мај оваа година. Двајцата беа во брак пет години и имаат две деца, Валентина  4 година и Сиена 1 година.

Мелани Грифит и Антонио Бандерас

Melanie-Griffith-Antonio-Banderas

Антонио Бандерас и Мелани Грифит

Во јуни Мелани Грифит поднесе молба за развод од нејзиниот сопруг Антонио Бандерас, со кого беше во барк 18 години. Мелани и Антонио од нивниот брак ја имаат 17-годишната ќерка Стела.

Мараја Кери и Ник Кенон

Мараја Кери и Ник Кенон

Мараја Кери и Ник Кенон

Ник Кенон во август ги потврди гласините за нивната разделба.

– Имаме проблеми, живееме одделно веќе неколку месеци.

Двајцата склучија таен брак во 2008 година и имаат тригодишни близнаци.

Гвинет Палтроу и Крис Мартин 

Цгвинет Палтроу и Крис Мартин

Гвинет Палтроу и Крис Мартин

Гвинет Палтроу и Крис Мартин беа во брак повеќе од 10 години до моментот кога официјално го објавија крајот на нивниот брак во март. Двајцата останаа во добри односи и по разделбата, дури заедно со двете деца отидоа и на одмор на Бахамите. Во моментов Крис излегува со актерката Џенифер Лоренс, додека името на Гвинет се поврзува со продуцентот Бред Фалчук​​.

Робин Тик и Паула Патон

Робин Тик и Паула Патон

Робин Тик и Паула Патон

Романсата на Робин и Паула е речиси исто толку интересна, како и неговите обиди да ја врати назад. Тие се во врска од нивна 14-годишна возраст, а брак склучуваат во 2005 година. Во 2010 година се раѓа нивниот син, а во февруари оваа година Паула го напушта Робин по гласините дека тој ја изневерува. Тоа прилично го амбицира пејачот, кој почнува да ѝ посветува свои говори и песни. Робин дури сними песна наречена „Get Her Back“ и последниот албум  го крсти „Паула“.

Сијара и Фјучер

Ciara-Future

Сиара и Фјучер

Сиара ја раскина свршувачката со раперот Фјучер во август оваа година, само три месеци откако му роди син. Според гласините, раперот ја изневерил Сијара.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top