| четврток, 6 декември 2018 |

Суспендирани три студентки поради коментари на „Фејсбук“ против Студентски прашања

Три студентки од Економскиот факултет во Загреб се суспендирани поради коментари оставени на „Фејсбук“ во кои пишуваат против вработените во Студенстски прашања. Против студентките се поведени и дисциплински постапки. Тие се опоменати пред исклучување и добија суспензија на шест, девет и на 12 месеци.

„Би сакал да им е**м мајката на сите оние полуписмени осакатени ороспии кои работат во Студентски прашања и го трошат моето драгоцено време“, гласела објавата која корисник од лажен профил ја објавил на групата на факултетот на „Фејсбук“.

Студентките оставиле коментар од своите профили и без разлика што не содржеле пцости, коментарите ги чинеа суспензија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top