Дури три од вкупно седум натпревари што се играа ноќеска во НБА-лигата беа одлучени по продолженија, откако во регуларниот дел завршија нерешено.
Најдолго се играше во главниот град на САД, Вашингтон, каде што домашните Визардс по две продолженија победија со 133-132. Џон Вол беше херојот на Вашингтон со 26 поени, а токму тој ги даде последните 10 поени за тимот во второто продолжение. Пол Пирс и Џеф Грин беа најефикасни со по 28 поени.
Дополнително време се играше и во Торонто, каде што повторно успех забележи домашната екипа против Денвер со 112-107, а на бис се вратија и кошаркарите на Лос Анџелес клиперс, кои победија против Феникс со 121-120 во популарниот „овертајм“.
За одбележување е новата, седма победа на Атланта хоукс, овојпат против Индијана со 108-92. Ал Хорфорд доминираше кај победничкиот состав со 25 поени, а повторно вообичаени 15 минути одигра и нашиот Перо Антиќ, со 7 поени, по два скока и две асистенции.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Хаос во НБА: Се степаа ѕвездите на Лејкерси и Хјустон! (Видео)
-
Твитер скандал на Трамп: Не е лесно да направите Леброн Џејмс да изгледа паметно
-
Животната приказна на нашиот центар: Антиќ во центарот на вниманието на Евролигата (видео)
-
Забивањето на Антиќ прогласено за потег на колото во АБА лигата (видео)