Најпознатиот балкански џихадист Лаврим Мухаџер е убиен во Ирак. Српските медиуми денеска јавуваат дека чудовиштето од Качаник се разнело во автомобил-бомба околу северниот ирачки град Мосул.
24-годишниот Албанец бил меѓу клучните личности кои регрутирале борци за групата „Исламска држава“ од својата татковина. Тој неодамна на својот профил на „Фејсбук“ имаше споделено видеоклип како обезглавува заробеник во Сирија.
Ова е вторпат оваа година во медиумите да има информација за смртта на Мухаџер.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.