| четврток, 6 декември 2018 |

Тодоровиќ сака од Центар да направи општина со европски стил

Во следните четири години тој ќе се посвети на изградба на ново училиште со спортска сала во населба Капиштец, нова детска градинка со двојно поголем капацитет од онаа во Капиштец, изградба на пензионерски дом, ревитализација на ресторанот „Езерце“ и враќање на неговиот поранешен сјај, изградба на целосна инфраструктура во новопроектираните населби во Ново Маало, Маџир Маало и Крњево, изградба на пет спортски сали, воведување на е-општина за поефикасна и достапна општинска администрација, изработка на план за модернизација и реконструкција на спортската сала „Градски парк“

Општина Центар да добие европски стил е приритет на актуелниот но и кандидат за иден градоначалник на оваа скопска општина Владимир Тодоровиќ. Тој ова го истакна на вечерашниот митинг на владејачката коалицја предводена од ВМРО ДМПНЕ.
todorovic
 – Точно е дека еден од приоритетите изминатиов период ни беше создавање на европски Центар кој ќе биде пандан на големите светски метрополи – изјави Тодоровиќ, за кого Општина Центар не е само „Плоштад Македонија“, општина Центар се населбите Капиштец, Маџир Мало, Дебар Мало, Пролет, Ново Маало, Крњево, Буњаковец, Водно, Градски ѕид и Кале.
 За време на неговиот мандат се  реализирани проекти кои во целост го олеснуваат животот на граѓаните.
Во следните четири години тој ќе се посвети на изградба на ново училиште со спортска сала во населба Капиштец, нова детска градинка со двојно поголем капацитет од онаа во Капиштец, изградба на пензионерски дом, ревитализација на ресторанот „Езерце“ и враќање на неговиот поранешен сјај, изградба на целосна инфраструктура во новопроектираните населби во Ново Маало, Маџир Маало и Крњево, изградба на пет спортски сали, воведување на е-општина за поефикасна и достапна општинска администрација, изработка на план за модернизација и реконструкција на спортската сала „Градски парк“.
– Се надевам дека за четири години од денес на нашата следна средба, ќе бидете сведоци на новите промени, на новите дела кои што ќе го создадеме заедно со вас. До тогаш бидете сигурни дека сме на вистинскиот пат, дека покажавме и допрва ќе покажуваме како се сака Македонија. Македонија се сака со дела. А тоа што сте тука во ваков број е најдобар доказ дека граѓаните знаат да ја препознаат нашата искреност и посветеност –  додаде Тодоровиќ.
На митингот се обрати и носителот на советничката листа на ВМРО-ДПМНЕ за општина Центар Томислав Лазаров, кој истакна дека проектите кои противкандидатот на Тодоровиќ, Андреј Жерновски ги најавува како свои веќе се содржани во Програмата на Тодоровиќ.
– Сакам да му порачам на Жерновски да престане да ја цитира нашата програма и да смисли своја во кој ќе бидат содржани некои нови оригинални негови проекти, па потоа  да полемизираме и да се натпреваруваме за довербата на граѓаните – рече  Лазаров.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top