Премиерата на најновиот и последен дел од трилогијата на режисерот Питер Џексон, „Хобит: Битката на петте војски“ во скопското кино „Милениум“ е закажана за во четврток, 20 часот.
По успешното комплетирање на трилогијата „Господарот на прстените”, Питер Џексон уште еднаш се докажува како мајстор за визуелизирање на делата на големиот писател Џ.Р. Толкин.
Кино „Милениум“ во текот на неделава од 10 до 14 декември ќе биде домаќин на Детскиот филмски фестивал „Кидс Фест“. Фестивалот е во организација на МЦФ-МКД, а во текот на овие неколку дена најмладите ќе имаат можност да погледнат квалитетни светски филмски продукции синхронизирани на македонски јазик.
Цените за фестивалските проекции се симболични – 130 денари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.