Министерството за внатрешни работи завршило со вештачењето на снимката која „Фокус“ ја достави до јавното обвинителство, а на која се гледа наводна фабрика за изработка на фалсификувани пасоши за кои неделникот и СДСМ тврдеа дека биле употребени за изборни цели, објави „Пресс24“.
Според неофицијалните информации, вештачењето кое е на пат до јавното обвинителство целосно ја демаскира лагата на опозициската апртија и весникот кој настапи во нејзино име.
Полицијата направила проверки на фотографиите и видеото кои се содржани на ЦД-то доставено од ФОКУС. Вештачењето покажало дека фотографиите се изготвени во периодот од 08.09.2014 година од 22 часот 37 минути и 28 секунди до 10.09.2014 година во 05 часот 32 минути и 41 секунда.
За потсетување, последните парламентарни избори завршија на 27 април 2014 година, односно нешто помалку од 5 месеци пред овие снимки да бидат направени.
Петнаесет фотографии и видео записот се направени со телефонски аспарат Самсунг ГТИ 9515 а ЦД-то е снимено на 26.11 годинава.
Самите датуми потврдуваат дека тврдењето на Зоран Заев за фалсификување на 200 илјади пасоши со кои се лажирани изборите е целосна небулоза и ноторна лага.
Поилицијата го проверила и матичниот број кој може да се види на една од патните исправи на видеото. Утврдено е дека таков матичен број 1704954450054 не постои во регистарот, па невозможно е такво лице да стои на некаков избирачки список. Небулозно е да се изготвува лажен пасош за гласање за лице кое не стои во избирачкиот список бидејќи таков матичен број не постои.
Дополнително МВР утврдило дека лажните пасоши се изготвени крајно дилетантски. Утврдени се грешки и пропусти кои не би ги направило лице кое има барем основни познавања од работењето. Утврдено е дека се работи за целосен аматеризам кој исклучително лесно се открива.
Во делот каде е машински читливата зона, има 46 карактери што е спротивно на ИЦАО стандардот согласно кој во таа зона може да има 44 карактери. Погрешен е и бројот на карактери во серискиот број.
Интересно е што видеото до јавното обвинителство за кое ФОКУС јавно и храбро тврдеше дека е нивно, добиено од нивни извор и доставено до јавното обвинителство, обвинителите го добиле со анонимна пријава. Се поставува прашањето зошто ФОКУС јавно стои зад овој материјал, а пред обвинителите бара постапката да тече анонимно и дали причината е стравот од отворање на постапка против нив за лажно пријавување.
Врз основа на овие информации, јасно е дека МВР со вештачењето го демаскирало обидот на неделникот и СДСМ за отворање на лажна афера за наводно фалсификување на македонските пасоши во изборни цели.
Јавното обвинителство по добивањето на вештачењето ќе треба да се произнесе дали секаква понатамошна постапка ќе биде отфрлена.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
МВР потврди: Лице од битолско виновен за оштетените камења на македонско-грчката граница
-
Толку беше од бугарските пасоши за Македонци?
-
Борисов бара ревизија на сите издадени бугарски пасоши во последните пет години
-
МВР: Добивме потврда од унгарското министерство дека Никола Груевски е во Унгарија и дека побарал азил



