| четврток, 6 декември 2018 |

Русија не сака поделба на Украина

русија

Русија не сака Украина да биде поделена, оценуваат разузнавачки официјални претставници од неколку земји-членки на НАТО, предупредувајќи против погрешните проценки за политиката на Москва во врска со украинската криза, пишува германскиот весник Шпигел.

Русија не е заинтересирана за ескалирање на ситуацијата во Украина и нема да го повтори „кримското сценарио“. Москва е само заинтересирана за реорганизација на самопрогласените Доњецка Народна Република и Луганска Народна Република во функционални административни единици во рамки на федерализирана Украина, сметаат разузнавачите.

НАТО едноставно ја прекина секоја соработка со Русија поради кризата во Украина, обвинувајќи ја Москва дека испраќа трупи и воена опрема за проруските сили во регионот на Доњецк и Луганск.

Освен тоа, Алијансата значително го зголеми присуството на своите сили во балтичките држави и другите источноевропски земји, тврдејќи дека тоа е неопходно за заштита на овие земји од евентуален руски напад.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top