Синоќа на американскиот континент во зимскиот скијачки центар Бивер Крик се возеше втората трка во велеслалом оваа сезона.
Победник е домашниот натпреварувач Тед Лигети кој со вкупно време од двете трки 2:34,07 беше подобар од второпласираниот Французин Алексис Пинторо за 18 стотинки и за 60 стотинки од Марсел Хиршер од Австрија кој се пласираше на третото место.
Токму Хиршер е водечки во пласманот за малиот кристален глобус во велеслалом со 16 бодови, пред Пинторо со 140 и Лигети со 126 поени.
Во генералниот пласман оваа сезона во борбата за големиот кристален глобус води извонредниот Норвежанецот Кјетил Јансруд кој досега успеа да собере 412 бодови, пред Хиршер со 240 и Австриецот Ханес Рајхел со 207.
Следната трка се вози ви шведксиот скијачки центар Оре во петок истотака во велеслалом. Оваа трка требаше да одржи во Вал Дизер, но поради недостиг на снег таа е откажана.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




