| четврток, 6 декември 2018 |

Жените почнуваат бизниси резервирани за мажите

Business-women-one-jump

Секое покренување на бизнис е тешко, а жените претприемачи можат да наидат на дополнителни проблеми. Меѓутоа една сопственичка на компанија за изработка на огромни рекламни постери и транспаренти, успешно плива во водите во кои доминираат мажи.

Во работилницата, во центар на Лос Анџелес Кармен Рад е една од неколкуте жени во САД, кои изработуваат плакати со големи размери и е една од ретките која е со латиноамериканско потекло. Кармен е родена во Порторико, американска територија со шпанско говорно подрачје. Нејзината фирма CR&A Custom, дизајнира огромни транспаренти и постери во бискиот Стејплес центар, во близина на културно забавниот дел од градот L.A. Live.

Таа вели дека нејзините клиенти од големите корпорации понекогаш се изненадени кога ќе ја видат. – Обично не очекуваат жена со такво потекло да е сопственичка на ваква компанија. Тоа е еден од проблемите со кои се соочувам.

Меѓутоа Кармен додава дека луѓето се воодушевени со обемот на работата која ја врши.

Нејзината компанија исто така дизајнира графики и постери за маркетиншки компании. Владината зграда во Сан Дијего прекриена е со драперија која е направена во нејзината работилница. Во изминатите 20 години, откако ја основала компанијата, работата минувала низ тешки времиња. Почнала со шиење на дресови и специјална облека, но конкуренцијата од Кина ја принудила да се преориентира на печатење.

– Како во сите мали бизниси имате подеми и падови. Така беше и во мојот случај. Работев одлично, а потоа се ќе појдеше надолу.

Таа вели дека да се има сопствена компанија подразбира дополнителна одговорност. Кармен вработува 40 работници.

– Луѓето велат. Ох, па ти си сопственичка. Ќе работиш помалку. Меѓутоа, кога имате своја фирма работите повеќе од било кој друг, бидејќи целата одговорност е на вас.

Ова е еден од трите милиони бизниси во САД, чии сопственички се со латино американско потекло, но тој број со време ќе се зголемува, вели претседателот на Латино коалицијата Хектор Барето.

Неговата организација неодамна беше домаќин на панел на сопственици на бизниси со латино американско потекло. – Три милиони за 10 години ќе се зголеми на 12 и тоа не само во Калифорнија, Тексас и на Флорида, туку во цела Америка.

Барето вели дека жените се сопственички на многу бизниси, а Кармен Рад признава дека кога го покренала бизнисот не можела ни да претпостави дека тој ќе достигне до овие размери.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top