| четврток, 6 декември 2018 |

Јастребите од Атланта во висок лет, Антиќ со 7 поени во победата над Денвер

Јастребите од Атланта се во висок лет и ја забележаа шестата победа во низа, вкупно 13. во новата сезона во НБА лигата, а вчеравечер во „Филипс арена“ падна Денвер нагетс.

Хоукс победија со 96-84 со нова добра партија на единствениот македонски кошаркар во најсилната лига на светот, Перо Антиќ. Шестката на домаќините постигна 7 поени за 15 минути игра, а забележа и 6 скока.

antic

Со овој триумф Атланта со биланс 13-6 е на делба на првата позиција во својата Дивизија, заедно со Вашингтон визардс.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top