| четврток, 6 декември 2018 |

Лара Гут е победничка на супервелеслаломот во Лејк Луиз

Швајцарската алпска скијачка Лара Гут се искачи на првото место на пиедесталот на трката возена во канадскиот скијачки центар Лејк Луиз во дисциплината супервелеслалом.

Alpine Skiing World Cup in Lake Louise

Таа патеката ја мина за време од 1:18,46 минути што е за 37 стотинки подобро од времето на второпласираната Американка Линѕи Вон. Вон која се врати на патеките по двегодишна пауза поради серија на тешки повреди се враќа во препознатливата форма по победата во спустот возен во саботата и денешното второ место. На третото место се пласираше Тина Мазе од Словенија со заостаток од 81 стотинка.

Alpine Skiing World Cup in Lake Louise

Ова беше прва трка во светскиот куп што се возеше во дисциплината супер-џи и затоа Лара Гут води во оваа дисциплина со 100 бода.
Во борбата за генералниот пласман убедлива предност има Тина Мазе со 380 поени пред австијките Ана Фенингер со 263 и Катрин Цетел која успеа да собере 250 бода.

Следната трка требаше да се вози во петок во Вал Дизер и на програмата беше велеслалом, но поради недостиг на снег во овој зимски сијачки центар, домаќин ќе биде шведскиот центар Оре.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top