| четврток, 6 декември 2018 |

Обама: Расизмот е вкоренет во американското општество

Barack-Obama_2633659b-1

Претседателот Барак Обама во исечокот од интервјуто емитуван во неделата зборува за своите разговори со групата млади активисти за граѓански права, вклучително и водачите на протестите во Фергусон, кои минатата седмица ги водел во Белата куќа.

Тој им порачал на активистите дека станува збор за нешто што е „длабоко вкоренето во нашето општество, длабоко вкоренето во нашата историја“. Америка направи некои чекори, вели Обама, што дава надеж дека дополнителниот напредок ќе биде постигнат.

– Иако тие инциденти се болни, не можеме да кажеме дека она што се случува денес е исто со она што се случуваше пред педесет години –  вели најмоќниот претседател на светот.

Општата неправда кон црниците предизвика во 1950-те појава на движењето за граѓански права во САД. – Доколку разговарате со своите родители, дедовци и баби, чичковци, ќе ви кажат дека денес е подобро, не добро туку подобро – додава американскиот претседател.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top