Најмалку две лица загинаа во тајфунот Хагупит кој ги погоди Филипините додека повеќе од 650.000 луѓе беа евакуирани.
Тајфунот кој денеска ослабна во интензитетот, уриваше електрично столбови и куќи во крајбрежните филипински провинции, но централниот дел од државата не беше погоден.
Налетите на ветрот беа со брзина од 210 км/час. По минатогодишниот тајфун кога загинаа голем број луѓе и кој причини голема материјална штета во централниот дел на Филипини, повеќе од 650.000 луѓе побараа засолниште во околу илјада прифатилишта во побезбедни подрачја.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.