| четврток, 6 декември 2018 |

И во Тирана ќе се отвораат тајните досиеја

ра

Албанскикот премиер Еди Рама најави донесување закон, по итна постапка, за отворање на досиејата на тајните служби од комунистичкиот период.

Претходно тој на отворањето на антинуклеарниот бункер на диктаторот Енвер Хоџа, во присуство на американскиот и италијанскиот амбасадор во Тирана, изјави дека и Албанија време е да ги отвори ваквите досиеја.Неговиот предлог наиде на поддршка од страна на коалицскиот партнер, Движењето на социјалистичка интеграција на Илир Мета, кој  и претседател на албанскиот парламент.

-Го подржуваме отворањето на досиеата на соработниците на тајната служба Сигурими, но сакаме тоа да биде на начин без да и се наштети на безбедноста на државата – изјави Мета.

Опозициската Демократска партија преку пратеникот Едуард Халими, се произнесе против оторањето на досиејата. Според него премиерот Рама треба да ги отвори досиејата за корупција.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top