| четврток, 6 декември 2018 |

Неколку трикови за користење коректор во вашата шминка (ФОТО)

Дали го користите вашиот коректор на правилен начин? Овие трикови ќе ви помогнат да ја откриете „тајната“ функција на коректорот кој ви помага во процесот на разубавување.

korektor-12

1. Основа па коректор

Доколку ставите прво коректор, кога ќе ја нанесувате основата ќе избришете поголем дел од коректорот. Но, ако прво ја нанесете основата ќе ви биде потребно помалку коректор.

korek

2. Триагонилник со коректор

Најдобар начин да нанесете коректор е да нацртате триаголник чија основа ќе биде линијата под вашето око, а врвот ќе се стреми кон вашиот образ.

На овој начин не само што ќе ги сокриете подочниците туку и ќе создадете илузија на многу затегнато лице.

korek triangl

3. Коректор за подолготрајна сенка

Нанесете коректор на очните капаци за да спречите бришење на сенката. Коректорот може дури и самостојно да послужи како сенка.

korek senka

4. Зелен коректор против акни

Доколку сакате да ги покриете акните, прво користете зелен коректор, а потоа нанесете го коректорот кој одговара на вашата кожа. Зелениот коректор нанесете го точно врз акната, но не и околу неа. Потоа нанесете го коректорот кој одговара на вашата кожа ставете го врз акните и околу.

korek akni

5. Коректор за вашите подочници

Со прстот до малиот прст нанесете портокалова или праска боја на вашите подочници.Прстот до малиот прст ќе помогне во нанесувањето на коректорот со доволен притисок за тој совршено да се вклопи на вашата кожа, а овие нијанси на коректор ќе ги покријат темните кругови под вашите очи.

Потоа, нанесете ја пудрата.

korek podcnik

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top