| четврток, 6 декември 2018 |

Иранците обвинуваат: Исламската држава ја создаде ЦИА, а САД ја снабдуваше со оружје

Екстремистичката организација ИСИС, која што веќе воспоставила контрола врз еден значаен дел во Ирак е закана за целата светска безбедност, ја создаде ЦИА, изјави заменик-началникот на Генералштабот на иранските вооружени сили, генерал Масуд Џазаири.

А посебно нагласи дека кога Вашингтон кога објавува како војува против ИСИС, ние дојдовме до документи кои докажуваат дека екстремистичката организација е дело на ЦИА. Американската армија уште од самиот почеток со оружје ја снабдуваше Исламската држава, а тоа го покажува лажното тврдење на Вашингтон во борбата против исламистите.

Џазаири додаде дека Иран прави све што може за да тероризмот во Ирак биде целосно искоренет.

Техеран кон средината на септември ја отфрли можноста за заеднички борби против ИСИС:

Тогаш иранскиот духовен лидер, Али Хамнеи, предупреди дека акцијата на САД против Исламската држава само ќе ги зголеми недоразбирањата меѓу муслиманите, а злото и тероризмот нема да ги уништи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top