
Државниот испит е тема со која е лесно опозицијата да проба да манипулира, да мобилизира, а сега, и средношколците сакаат да ги мобилизираат, изјави Никола Груевски, претседателот на Владата на Република Македонија и прв човек на ВМРО ДПМНЕ.
– Ако сте способни организирајте митинг, не се кријте зад децата. Смислете некоја причина и организирајте митинг. Што се плашите, зад децата да се криете, демек студентите ќе ги заштитуваат да не полагаат државен испит – изјави кој денеска се обрати на Годишната конфренција на Унијата на жени на ВМРО ДПМНЕ.
Според Груевски државниот испит е добра реформа, а обврска и мисија на ВМРО – ДПМНЕ е постојано да работи, да прави чекори и дела за зголемување на стандардите во сите сфери во Република Македонија, пред се во образованието.
– Од ова ние како паритја немаме некој краткорочен ефект, напротив оставаме простор од СДСМ да организират протести, но сепак државата ќе има долгорочни интереси и јас сум убеден во тоа. Интересот е во тоа што ова е уште еден метод за осигурување на образовниот процес кој треба да создаде генерации со знаење, а не само со дипломи без знаење, генерации кои ќе бидат конкурентни на пазарот и ќе ја носат Македонија напред, тоа е идејата – истакна Груевски, додавајќи оти државниот испит го има во многу земји.
Тој појасни дека се работи за уште еден државен испит во текот на целото студирање и тоа поделен на два дела за да им е полесно на студентите.
– Ние не викаме дека не грешиме. Нам ни е потребен коректив, а тоа може да биде некој кога ќе направиш грешка и ќе те критикува, ќе те опомене јавно, ќе ти го каже тоа за да се коригираш. Но, кога нешто позитивно ќе направиш ќе го поддржи. И така се добива доверба и кредибилитет на оној што критикува, а тоа го нема кај нашиот политички противник, рече премиерот Груевски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Судот одреди 30 дена притвор за Груевски и во случајот ,,Титаник‘
-
Унгарската влада за „Макфакс“: Му дозволивме на Груевски да побара азил од безбедносни причини бидејќи беше премиер
-
На комисија изгласано одземање на мандатот на Груевски, конечната одлука на пленарна седница
-
Ја турка ли СДСМ државата во меѓународен блам?


