| четврток, 6 декември 2018 |

Опозицијата застана против вработувањето на Турци, Срби, Роми, Бошњаци, Власи

vrabotuvanje

Вработувањата на граѓани од помалите етнички заедници во Македонија, обврска преземена од програмата која постои уште од 2002 година и пречи на СДСМ. Социјалдемократите вчера се свртеа против вработувањето на 194 луѓе, кои се бараат од Генералниот секретаријат на Владата. Се работи за вработување на Срби, Власи, Роми, Бошњаци, Турци и членови на другите етнички заедници во државната администрација. Им пречи тоа што ти самите го спроведуваа во периодот од 2002 до 2006 година, секако, во рамки на спроведување на преземената програма. Дали СДСМ е против вработувања на сограѓаните од помалите етнички заедници? Или дали СДСМ е против вработувањето, да речеме на Ромите во државната администрација, само кога е во опозиција, а е за вработување кога е на власт?

Инаку, според прес конференцијата на СДСМ, „Со новите 194 лица во Генералниот секретаријат на Владата, бројката на вработени во ова неколку илјадно владино тело, само во последните две години, се зголеми за нови 551 лице“.

-Бидејќи во огласите беа побарани лица без работно искуство, кои треба да го исполнат условот да се способни да работат под притисок, а од Владата до сега нема поконкретни информации какви се тие работни задачи за кои не треба искуство, ама треба издржливост за притисоци, може само да се претпоставува за какви вработувања станува збор“- посочи меѓу другото Љупчо Николовски, СДСМ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top