| четврток, 6 декември 2018 |

Брендон Роџерс: Грешка е што го ангажиравме Балотели

Менаџерот на Ливерпул Брендон Роџерс конечно призна дека ангажирањето на италијанскиот репрезентативец Марио Балотели во летниот преоден рок за 20 милиони фунти било грешка.

brendon rodzers

Ваквата информација беше објавена во престижниот англиски магазин „Сандеј Пипл“ најавувајќи го тоа како екслузивно.

Ливерпул оваа година има проблем со реализацијата, а целта со доведувањето на Балотели беше токму тоа. Супер Марио да продолжи по стапките на Луис Суарез кој беше вистински „убиец“ на противниците.
Тоа не се остварува до сега, а Балотели има постигнато само два гола на 11 меча.

Baloteli-Liverpul-promo

– Веќе разговараме за тоа, и случајот е затворен. Што и да се договориме ќе остане меѓу нас. Треба да видиме колку Марио е добар фудбалер и дали трансферот е на подолг период – потенцираше Брендон Роџерс.

Луверпул има лоша сезона во есенскиот дел, тие се пред елиминација од Лигата на шампионите, а во Премиер лигата игра очајно и е се подалеку од насловот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top