Продолжуваат политичките повици за студентски протести. По низата членови на СДСМ, нивни активисти и поддржувачи кои упатија апел да се излезе на протест, се јави и последниот претседателски кандидат на СДСМ, Стево Пендаровски. Тој упати синоќа во Прилеп упати апел на 10 декември во Скопје, на студентскиот протест на Студентскиот пленум да не се дозволи партијата да се обрука и да не излезе на протест.
– Би ве замолил сите немојте да се обрукаме како луѓе и да не им дадеме поддршка.Сите тие се наши деца и сите тие ја бијат само својата битка тие ја бијат и нашата битка или заедно со нив ќе ја добиеме оваа битка или сите заедно ќе пропаднеме, порача Стево Пендаровски на синоќешната трибина на опозицијата во Прилеп, јави Револуционер.мк
Ова само потврди дека СДСМ и СОРОС ги поттикнуваат протестите и стојат зад нив. Студентски пленум која преку соопштение ги повикаа граѓаните, студентите, професорите, членови на политички парти да им се придружат на вториот студентски марш против, како што велат, необмислените реформи во високото образование, на социјалните мрежи е објавен од повеќе комуникациски центри на СДСМ.
Дописот на т.н. организација Студентски пленум која преку соопштение ги повикаа граѓаните, студентите, професорите, членови на политички парти да им се придружат на вториот студентски марш против, како што велат, необмислените реформи во високото образование, на социјалните мрежи е објавен од повеќе комуникациски центри на СДСМ.
Професорката Билјана Ванковска најавува учество на протестот и агитира помеѓу студентите да излезат на протести.
Мирјана Најчевска, професор на филозофски факултет, уште еден од мегафоните на СОРОС исто така најавува учество на протестот и агитира студентите да излезат. Кон повикот да се излезе на протести се приклучува и Софија Куновска, поранешен советник во Град Скопје од СДСМ. Новинарката Ленче Николовска,член на СДСМ и пратеник исто така го споделува дописот на Студентскиот пленум и повикот за марш.
Еден од организаторите на студентскиот протест на 10-ти декември е Давид Данаилов, член на централниот одбор на СДММ, братучед на Јон Фрчковски внук на Љубомир Фрчковски, објавија дел од порталите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Продолжија протестите ширум Бугарија, блокирани патишта и гранични премини
-
Ја турка ли СДСМ државата во меѓународен блам?
-
Судири меѓу полицијата и каталонски сепаратисти во Барселона: Има повредени и уапсени
-
Се судрија германски националисти и про-имигрантски групи во градот Хемниц: Девет лица се повредени


