| четврток, 6 декември 2018 |

Македонците и Албанците во земјава се враќаат на своите историски симболи

grb

Македоците и Албанците во земјава се враќаат на своите историски симболи. Македонија и Белорусија се единстевните земји кои имаат грб со симболи од времето на комунизмот, со хералдика од Советскиот сојуз. Владата го усвои нацрт- законот за нов државен грб, а за да се промени симболот потребна е измена на Уставот, односно двотретинско и бадентерово мнозинство.

Предлогот за изгледот на новиот државен грб е на Здружението на хералдичари. Истиот е направен како резултат на експерти за грбови кои доста истражувале за оваа тема. Новиот државен грб на Македонија ќе биде црвен лав во златно – жолт штит со круна во горниот дел, како и мурална круна во облик на тврдина. Златно – жолтата круна која е украсена со бисери и рубини треба да го симболизира републиканското уредување на државата. Дизајнот на црвениот лав е базиран на историските грбови, илустрациите на Верланд од 1481 и грбовникот на Бароад од 1581 кој преку стемографиите на Витезовиќ во 1694 и Жерафовиќ во 1741 станал и земски грб на Македонија.

e7e-rilski (1)

Овој грб го има и на вратата од олтарот на Рилскиот манастир во Бугарија, кој од 10-тиот век сè до 1557 г. е во диецезата на Охридската архиепископија. Знакот во долниот десен агол е идентичен на предлогот за нов македонски грб.

jxw-481673 (1)

Истиот се наоѓа и на композицијата на грбови направена од Јохан Јакоб и Герман Лидл од 1737 година. Притоа се презентитани грбовите на Славонија, Хрватска, Босна, Србија, Далмација, Албанија, Епир, Трансилванија, Македонија, Бугарија, Молдавија и Дубровник.

h

И за Албанците во земјава е прифатлив овој грб. Велат лавот е прифатлив да биде во центарот на државниот грб. Прво, затоа што како хералдика е застапен на грбовите на многу стари и големи албански семејства, впрочем, лавот го има и во грбот на градот Тирана. Второ, прифатлива е и круната, бидејќи го одразува старото скопско кале.

Ова пак нема да донесе нови трошоци за граѓаните. Нема да има потреба од промена на личните документи поради новиот грб.Владиниот портпарол Александар Ѓорѓиев вели дека согласно нацрт-законот, актуелните лични карти и пасоши кои тие ги поседуваат во моментот, ќе продолжат да важат до рокот на нивната важност кој е впишан во документите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top