– Колку е блиску сонцето!
Кога Вера Вучкова на 3 април 1945 година ја кажала првата реплика во преполниот салон на Македонскиот народен театар не ни сонувала дека овие зборови ќе ù обезбедат место во мемоарите на македонската култура…
-Запишано е! Од Ерусалим во Македонија ќе појдеш!
Петар Темелковски на 7 декември 2013 година ја кажа првата реплика во преполниот салон на Македонскиот народен театар. Тој ги кажа зборовите кои ќе му обезбедат место во мемоарите на македонската култура… Вечната куќа долго ќе се памети – сцената на сегашните и идните актери, сцената која пред една година потсети и на старите актери кои играле во некогашниот театар…
Една година подоцна Македонскиот народен театар денеска со целодневен театарски маратон одбележува една година од работата во новиот објект и првата премиера на новата сцена.
Маратонот ќе почне во 11 часот со претставата „Госпоѓа министерка“, по која ќе следуваат: „Сомнително лице“ во 14 часот, „Свадбата на Фигаро“ во 16 часот и „Изгубени Германци“ во 18 часот.
Од 18.30 ќе има поетска вечер посветена на Блаже Конески, првиот драматург во МНТ, а во 20.15 часот на Чај за двајца ќе гостува Јордан Плевнеш и ќе биде промовирано печатеното издание на неговата драма „Вечната куќа“ со која лани на 7 декември ансамблот на МНТ почна да работи во новиот објект.
Централен настан ќе биде концертот „МНТ и пријателите“ од 21.30 часот, на кој ќе учествуваат актерите од ансамблот на МНТ и актери од другите театри. Влезниците за секоја претстава и за концертот се по 50 денари.
За една година во новата театарска зграда биле изведени повеќе од 150 претстави и ги посетиле 83.000 гледачи. Во првата година од работењето МНТ имаше пет премиери и беше домаќин на првиот Меѓународен театарски фестивал.
МНТ ќе има и богата современа музејска поставка која во иднина ќе се дигитализира, а во подготовка е и специјална монографија која ќе излезе идната година кога театарот ќе одбележи 70 години постоење.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Београдско драмско позориште со „Зојкин стан“ гостува во МНТ
-
Београдско драмско позориште гостува во МНТ со „Зојкиниот стан“
-
МНТ се приклучи во хуманитарната акција за Сара: Сретствата од билетите од „Силјан Штркот шанца“ ќе се донираат
-
МНТ со „Кец на десетка“ гостува на фестивалот „Ин Виница веритас“



