| четврток, 6 декември 2018 |

Шешељ со порака до Албанците: Српската војска се враќа на Косово

seselj

Претседателот на СРС, д-р Воислав Шешељ, даде интервју за албанскиот новинар во кое кажа дека српската војска се враќа во Косово во согласност со Резолуцијата 1244 на ОН.

-Ние сакаме мирен начин за решавање на косовскиот проблем, но не треба интегритетот на територијата на Србија да се доведува во прашање – вели Шешељ.

Тој го потсети новинарот дека резолуцијата 1244 дава гаранции за Србија да врати до 1.000 војници на територијата на Косово и Метохија и рече дека Србија ќе инсистира на тоа, ако СРС дојде на власт.

Репортерот потоа констатираше дека „ако српската армија повторно се врати на Косово, тоа значи нова војна.”

Шешељ отворено рече:

-Ако тоа значи нова војна – тогаш можете да сметате на нова војна!

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top