Денеска православните верници ја слават Св. великомаченица Екатерина.
Света Екатерина потекнувала од царско семејство. Татко и умрел наскоро по нејзиното раѓање, па така таа останала да живее со мајка си во Александрија. Била одлично школувана и надарена со голема телесна убавина. Мајка и која била потајно христијанка ја научила на верата во Христа. На 18 годишна возраст Катерина била ретко убава, паметна и образована девојка со познавање на филозофијата, литературата, а особено ги совладала медицинските науки. За време на гонењето на Максентиј, кога света Екатерина имала 18 години била изведена пред суд и погубена заради нејзината истрајност во верата. Пострадала во 310 година. Нејзините чудотворни мошти се пазат во Синајскиот манастир што го носи нејзиното име. Мошне е позната и почитувана и во Македонија, особено заради силните врски на македонската Црква со Синајскиот манастир.
Именден празнуваат: Катерина, Ката, Катица…
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.