
Јекатерина Федјаева(27) умрела во страшни маки откако по грешка на лекарите, била жива балсамирана. Девојката цели два дена трпела страшни болки, после што паднала во кома.
Нејзината мајка ги обвинила лекарите за убиство, бидејќи девојката која во болница дошла за рутинска интервенција, ја приклучиле на инфузија со форамлин(растовр на формалдехид). Овој раствор се вбризгува кај починатите за да го забават распаѓањето на телото.

После погрешната терапија на лекарите, девојката паднала во кома. Била приклучена на апарати за одржување во живот, а нејзиното срце неколку пати престанувало да работи.

После тоа со авион била превезена во Москва, каде се разбудила до кома, но сепак починала од последици на откажување на органите
Мајката на девојката раскажала дека ги слушнала лекарите кои се расправале за тоа како да и кажат дека направиле страшна грешка, но не и ја кажале целата вистина.

-Ми рекоа дрека е во прашање медицинска грешка, дека ќерката ми е во кома, а дека срцето, белите дробови и црниот дроб не и функционираат-објаснила мајката.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


