Благодарение на падот на цената на нафтата, куповната моќ на потрошувачите во Америка ќе порасне за 100 милијарди долари. Најголем профот покрај Американците ќе остви и економијата на Јапонија, којашто е трет увозник на нафта, се наведува во студијата на банката Сосиете Женерал.
Студијата, чии истражувања ги пренесе геманскиот весник Ханделсблат, истакнува дека тригодишната ценовна слабост на суровината најмногу може да им заблагодари на конјуктурните слабости на Европа и Кина.
Како што објави Лидер, освен што ќе ја зголеми вредноста на акциите на компаниите и индустриските земји, ниската цена на нафтата ќе придонесе и за дефлаторни движења. Тоа пак, ќе го зајакне притисокот на Европската централна банка за донесување на понатамошни мерки против дефлацијата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.