Во Македонија има повеќе бабички од дедовци, покажува македонската статистика. На 98 годишна возраст во државата има 88 жители. Дури 63 од нив се жени. Пласница е единствено место во земјата каде има 10 старици а ниту еден дедо.
По региони, речиси секаде постарата женска популација речиси е двојно побројна од машката. Најмногу баби има во југозападниот регион дури 860. За разлика од тоа, пак, во вардарскиот регион има само 38 старци над 85 години.
Скопскиот регион е најгусто населен и затоа има и најмногу старци, 4775. Подобриот стандард на живот овозможува и подлабока старост на населението во пелагонискиот регион каде се евидентирани 2212 стари лица. Најмалку ги има во полошкиот 1150, кој, пак, се карактеризира со најголемо загадување на животната средина кое влијае и на животниот век.
По бројки, во Македонија има 8388 лица на 80 годишна возраст. Како одминуваат годините драстично се менуваат и податоците па на 85 годишна возраст има 2583 лица. На 90 годишна возраст бројката е под 1000.
И додека во Македонија многу фактори влијаат за квалитетот на животот, па во градовите умираат помлади за разлика од селските средини, така не е и во медитеранските држави. Моркста клима и здравата исхрана овозможуваат здрав живот и на многу стогодишници. Во овие држави се регистрирани голем број на жители кои имаат 90 и 100 години.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.