| четврток, 6 декември 2018 |

Тројна победа на американките во Лејк Луиз, Линѕи Вон се враќа во препознатливата форма

Вечерва во канадскиот скијачки цетар Лејк Луиз се возеше уште една трка од скијачкиот светки куп во алпско скијање.

Alpine Skiing World Cup in Lake Louise

По вчерашната трка на истата патека, денешната беше во комплетна доминација на американските скијачи.
По двегодишна пауза поради серија на тешки повреди неприкосновената Линѕи Вон се врати и со победа најави одлична сезона.
Таа патеката ја извозе со време од 1:50,48 минути и со предност од дури 49 стотинки триумфираше над сонародничката Стејси Кук. Пиедесталот го комплетираше уште една Американка Џулија Манкузо која заостана 67 стотинки зад победничката.

Alpine Skiing World Cup in Lake Louise

Во генералниот пласман во спуст Линѕи Вон се изедначи со Тина Мазе со по 132 која денеска заврши на осмото место.
Во вкупниот генерален пласман во сите дисциплини води Тина Мазе со 320 бодови пред Катрин Зетел која досега успеа да собере 250 поени.

Следната трка се вози веќе утре во дусциплината супервелеслалом во истиот скијачки центар во Канада.

Alpine Skiing World Cup in Beaver Creek

Мажите денеска во американскиот скијачки центар Бивер Крик возеа трка од супервелеслалом. Конечно по три брзински трки на кои победи Норвежанецот Кјетил Јансруд уште еден скијач се радуваше на победата. Ханес Рајхл од Австрија го победи Јансруд со време од 1:12,78 минути. Јансруд беше втор со заостанување од 52 стотинки, до третото место доскија Алексис Пинторо од Франција со време од 1:13,40 минути.

Alpine Skiing World Cup in Beaver Creek

Кјетил Јансруд е лидер во вкупниот генерален пласман со 396 бода пред Италијанецот Доминик Парис со 205 поени.

Следната трка истотака се вози во Бивер Крик, а ќе се вози велеслалом.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top