Чешката полиција евакуираше 1.500 жители од околината на магацинот за оружје во Злин, во југоисточниот дел на земјата. Пиротехничари во ареалот на магацинот за оружје откриле оштетена зграда во која има складирано гранати.
Претходно, во неколку простории каде се чува муниција неколку пати од непознати причини се случија експлозии.
Министерот за внатрешни работи, Милан Хованец изјави дека синоќа се случила уште една експлозија и за да се заштити населението била организирана евакуација. Според портпаролот на регионалната полиција Моника Козумпликова, денеска пиротехничарите со оклопно возило и противпожарни тенкови ќе се обидат да ги отстранат експлозивните материјали, а доколку тоа го направат успешно населението ќе се врати во своите домови.
Во ареалот за складирање на оружје и муниција во Врбетице првата експлозија се случи на 16 октомври кога загинаа две лица.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


