| четврток, 6 декември 2018 |

СДСМ кога е на власт е за, кога е во опозиција е против вработувања на малите заедници

ljubomora administracijaСоцијалдемократите денеска на прес конференција го искритикуваа вработувањето на 194 луѓе, кои се бараат од Генералниот секретаријат на Владата.

Се работи за обврска преземена од програмата која постои уште од 2002 година и со која се предвидува вработување на граѓани од помалите етнички заедници во Македонија. Се работи за Срби, Власи, Роми, Бошљаци, Турци и членови на другите етнички заедници во државната администрација.

Според прес конференцијата на СДСМ, „Со новите 194 лица во Генералниот секретаријат на Владата, бројката на вработени во ова неколку илјадно владино тело, само во последните две години, се зголеми за нови 551 лице“.

-Бидејќи во огласите беа побарани лица без работно искуство, кои треба да го исполнат условот да се способни да работат под притисок, а од Владата до сега нема поконкретни информации какви се тие работни задачи за кои не треба искуство, ама треба издржливост за притисоци, може само да се претпоставува за какви вработувања станува збор“- посочи меѓу другото Љупчо Николовски, СДСМ.

Но тоа што во подолгото обраќање во СДСМ денеска беше испуштено е дека исти такви вработувања наменети за граѓаните членови на помалите етнички заедници, СДСМ го спроведуваше од 2002 до 2006 година. Секако, во рамки на спроведување на преземената програма. Тоа што, пак, останува нејасно по изнесувањето на ставот на СДСМ за овие вработувања е дали СДСМ е против вработувања на сограѓаните од помалите етнички заедници? Или дали СДСМ е против вработувањето, да речеме на Ромите во државната администрација, само кога е во опозиција, а е за вработување кога е на власт?

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top