| четврток, 6 декември 2018 |

Новиот македонски грб на вратата од олтарот на Рилскиот манастир (фото)

Новиот државен грб на Македонија кој ќе биде црвен лав во златно – жолт штит со круна во горниот дел, кој треба да помине на собраниска процедура пред да стане официјален, го има и на вратата од олтарот на Рилскиот манастир во Бугарија, кој од 10-тиот век сè до 1557 г. е во диецезата на Охридската архиепископија. Знакот во долниот десен агол е идентичен на предлогот за нов македонски грб.

e7e-rilski (1)

Истиот се наоѓа и на композицијата на грбови направена од  Јохан Јакоб и Герман Лидл од 1737 година. Притоа се презентитани грбовите на Славонија, Хрватска, Босна, Србија, Далмација, Албанија, Епир, Трансилванија, Македонија, Бугарија, Молдавија и Дубровник.

jxw-481673 (1)

Предлогот за изгледот на новиот државен грб е на Здружението на хералдичари. Истиот е направен како резултат на експерти за грбови кои доста истражувале за оваа тема. Златно – жолтата круна која е украсена со бисери и рубини треба да го симболизира републиканското уредување на државата. Дизајнот на црвениот лав е базиран на историските грбови, илустрациите на Верланд од 1481 и грбовникот на Бароад од 1581 кој преку стемографиите на Витезовиќ во 1694 и Жерафовиќ во 1741 станал и земски грб на Македонија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top