| четврток, 6 декември 2018 |

Татко си ја застрелал ќерката во Гостивар

Шеснаесетгодишно девојче вчеравечер сама се пријавила во гостиварската болница, каде било утврдено дека со пиштол е застрелана во рамото.

Дежурниот лекар веднаш го пријавил случајот во полиција. По преземените мерки утврдено е дека девојката со повредита се здобила во семејниот дом во Гостивар, поточно била застрелана од нејзиниот татко М.Ф. (38).

По извршениот претрес, во домот на М.Ф. бил пронајден и одземен пиштол „Црвена Застава“ кал.7,62 мм и една рамка со осум куршуми  и друг пиштол „Црвена Застава“ кал.9мм – оружје од кое се сомнева дека е пукано.

Увид извршила екипа од ПС-Гостивар. По целосно расчистување на настанот ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top