| четврток, 6 декември 2018 |

Угостителските услуги поевтиниле за 0,7 отсто

Цените на угостителските услуги во периодот јануари – ноември годинава, во однос на истиот период лани, се пониски за 0,7 отсто, покажуваат податоците на Државниот завод за статсистика.

Во ноември годинава цените на угостителските услуги останале на исто како во октомври. Зголемување е забележано само во групата Ноќевања за 0,1 процент.

Угостителски услуги во ноември 2014. во споредба со истиот месец мината година поскапеле за 0,7 отсто.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top