Кафулињата, рестораните, хотелите, баровите и други угостителски и сместувачки објекти од следниот викенд нема да смеат да ги користат овие зборови во своите називи, зашто во Србија стапува на сила новиот Закон за туризам.
Според одредбите на овој закон „Бар Марија“ ќе може да се вика само „Марија“, а „Кафе слаткарница Уна“ само „Уна“. „Хотел Парк“ може да биде само „Парк“, но не е јасно како ќе се вика „Кафанче кај Бора“ или угостителскиот објект „Бистро“.
Законот пропишува дека „деловното име, фирмата и ознаката на давателот на услугите не може да биде составен дел од името на угостителскиот објект“, што направи вистинска збрка во угостителскиот бизнис во Србија. Имено, никому не му е јасно кои сѐ зборови спаѓаат во „забранетите“, па угостителите не знаат како да им ги променат имињата на своите објекти. Исто така, граѓаните ќе бидат збунети, зашто ако пред „Моцарт“ не пишува слаткарница, може да биде и обложувачница.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.