| четврток, 6 декември 2018 |

Перо Антиќ не знае за пораз, Кливленд во серија

Синоќа во НБА лигата беа одиграни 12 натпревари на кои пет победи остварија домаќините, а на седум гостите.

Boston Celtics at Atlanta Hawks

Првиот Македонец кој игра во НБА лигата Перо Антиќ со неговиот тим Атланта е во одлична серија. Со синоќешната победа над Бруклин од 98-75 на гостински терен дојде до петтата победа по ред. Антиќ одигра скромен натпревар постигнувајќи само четири поени и една асистенција за нешто повеќе од 17 минути игра. Клучна беше втората четвртина во која „јастребите“ направија 23 коша разлика (36-13).
Најефикасен во редовите на Атланта беше Керол со 18 поени.

Cleveland Cavaliers at New York Knicks

Леброн Џејмс полека но сигурно се враќа во одличната форма со неговиот старо-нов тим Кливленд. По лошиот кралот и другирите се во серија од шест победи и веќе се наоѓаат на петтото место во источната конференција.
Синоќа жртва беше лидерот на истокот тимот на Торонто кој убедливо загуби на домашен паркет со 91-105.
Џејмс постигна 24 поени и 13 асистенции и беше лидер во својот тим. Кевин Лав и Кајри Ирвинг додадоа по 15 коша.

Шарлот по високата предност што ја имаше над Њујорк можеше многу лесно да го загуби натпреварот. Победникот беше одлучен во последната секунда со кошот на Кемба Вокер (103-102). Кармело Ентони одигра фантастичен меч кај поразените и беше најзаслужен што неговиот тим дојде на чекор од победата анулирајќи во последната четвртина 14 коша негатива. Сепак Кемба Вокер кој одигра лош натпревар и постигна само 11 поени го постигна одлучувачкиот кош со звукот на сирената.

РЕЗУЛТАТИ:
Далас – Феникс 106-118, Шарлот – Њујорк 103-102, Вашингтон – Денвер 119-89, Бостон – ЛА Лејкерс 113-96, Торонто – Кливленд 91-105, Мемфис – Сан Антонио 101-107, Минесота – Хјустон 112-114 (по продолежние), Милвоки – Мајами 109-85, Јута – Орландо 93-98, Сакраменто – Индијана 102-101 (по продолежние), Филаделфија – Оклахома 91-103,Бруклин – Атланта 75-98.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top