| четврток, 6 декември 2018 |

Од следната сабота казни ако нема детални информации на производите

На производите ќе треба јасно да бидат наведени потеклото, нутритивните табели, отстапките во нето тежината и особено алергените, со болдирани или букви во друга боја.Станува збор за измени што ги воведува ЕУ во однос на означувањето на храната, а се содржани во најновата регулатива 1161 која претставува сублимат на досегашните засебни директиви. Македонија ќе ги следи и спроведе новините преку измени на актуелниот Закон за безбедност на храната.

– Во земјите од ЕУ на посебен начин се обележани производите , личи како семафор, пример жолтата боја се знае за кои производи е и што содржат, исто така и црвената и зелената, се со цел олеснување на потрошувачите – изјави Снежана Димитровска претседател на ОПМ Битола

Ваквата обврска ќе важи и за операторите кои произведуваат храна за домашниот пазар, но за нив рокот е 1 јуни 2015 година.Согласно новата законска регулатива, дефинирани се и казни за непочитување на одредбите – 3.000 евра за правни лица, 1.000 евра за одговорно лице и 500 евра за физичко лице.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top