Фиорентина и Јувентус одиграа нерешено без голови во премиерниот меч од 14. коло во Серија А, со што си ги задржаа позициите во горниот дел од табелата. Јувентус ја прекина серијата од 6 победи во сите натпреварувања, или четири по ред во италијанскиот шампионат, а сепак остана лидер со 35 бода, 4 повеќе од Рома.
Фиорентина е непоразена 3 рунди и успеа да ја сопре забревтаната „Стара дама“ од Торино за задржување на осмата позиција со 20 бода.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.