Официјален Киев денеска соопшти дека ќе се потруди да обезбеди електрична енергија од Русија, бидејќи на оваа земја и снемува јаглен кој во најголема мера се произведува во источниот дел на Украина, кој е раздрман од судири.
– Москва сака претходно уверение од Киев дека еден дел од електричната енергија ќе се преусмери на Крим. Тоа е нивен услов – изјави украинскиот министер за енергетика, Владимир Демчишин и додаде дека Украина засега не увезува струја од Русија.
Поради борбите кои се водеа во Луганск и Донецк многу рудници се затворени, а во овие региони се произведуваат големи количини на јаглен.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.