| четврток, 6 декември 2018 |

Путин: Поддршката на традиционалните вредности не значи прогон на хомосексуалците

Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека неговата поддршка на традиционалните семејни вредности не значи дека хомосексуалците или лицата со поинаква ориентација ќе бидат прогонети, иако многумина сметаат дека тоа е прогон на хомосексуалците во Русија.

Путин во вчерашното годишно обраќање порача дека „здравото семејство„ и традиционалните вредности се меѓу приоритетите на Русија.

– Традиционално семејство, здрава нација е нашиот стратешки избор. Но тоа не значи дека дека ние имаме намера да гониме луѓе со нетрадиционална ориентација – рекол денеска Путин, во разговор со активистите за човечки права во Кремљ.

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top