| четврток, 6 декември 2018 |

Одбележан Светскиот ден на волонтирањето

1-volonteri

Министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов, и директорот на Мировен корпус-Македонија, Кејтлин Кори, потпишаа Меморандум за соработка, со кој се предвидува зајакнување на соработката на двете страни.

Мировен Корпус најави зголемување на бројот на волонтери коишто ќе работат во локалните институции и организации во рамки на програмата за развој на заедниците на Мировен корпус.

– Волонтерите и волонтерството во секоја држава претставуваат огромен човечки потенцијал кој континуирано се мобилизира и кој поседува релевантно знаење и вештини корисни за заедницата. Тоа било и визијата на сенаторот кој воедно е и основач на Мировниот корпус, Џон Кенеди, во далечната 1961 година, кој им предложил на студентите да ѝ служат на земјата, така што ќе живеат и ќе работат во други земји, залагајќи се за мирот и ќе разменуваат искуства – истакна Спасов.

– Целта на Мировен корпус е да го промовира светскиот мир и да гради нови врски на пријателства меѓу американскиот и македонскиот народ. Нашите волонтери поминуваат две години работејќи со соработници, живеејќи во локални семејства-домаќини, и стануваат дел од локалната заедница. Повеќе од 500 волонтери имаат служено во Македонија,и се очекува зголемување на бројот за 100 волонтери годишно – изјави Кори.

Склучениот меморандум е продолжение на успешната соработка меѓу САД, Мировен Корпус како владина агенција и Владата на Република Македонија, кои во 1996 имаат склучено меѓудржавен договор.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top