| четврток, 6 декември 2018 |

Семејства од Штип ќе бидат домаќини на членови на Мировниот корпус

корпус

Во Штип денеска се одржа обука за семејствата кои ќе бидат домаќини на претставници на Мировниот корпус.

Од Центарот за односи со јавност во Општина Штип информираат дека од 20 септември до 4 декември во општина Штип ќе престојува нова група волонтери на Мировен корпус за време на нивната подготовка за служба, по што ќе заминат во градови и села низ цела Македонија каде што ќе живеат и работат во наредните 2 години.

Волонтерите се Американци со најразновидно потекло и тие во нашата држава доаѓаат да стекнат работно искуство, да ги споделат своите вештини, да научат повеќе за Македонија и да ја споделат својата култура.

Мировниот корпус на САД е на покана на Владата на РМ и е присутен од 1996 година. Волонтерите живеат и работат во локалните заедници, не примаат плата, а трошоците за нивниот престој ги покрива Мировниот корпус.

За времетраењето на нивната обука од 11 недели во Штип, волонтерите ќе бидат сместени во семејства – домаќини кои ќе имаат свои обврски кон нив, но и ќе добиваат паричен надоместок за престојот на волонтерот во нивниот дом во просек по 3.700 денари за една недела

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top