| четврток, 6 декември 2018 |

Нов директор за приватизација на Грција

grcijaИзвршниот директор на атинскиот водовод и канализација ЕУДАП, Стелиос Ставридис, ќе биде нов директор на грчката Агенција за приватизација.

Оваа одлука, како што јави дописникот на МИА од Атина, е објавена денеска откако досегашниот директорт на Фондот за приватизација (ТАИПЕД), Такис Атаносопулос, викендов поднесе оставка.

Атанасопулос е еден од тројцата државни функционери што во последните три дена се повлекоа  од функциите поради истрага во поранешниот борд на Јавната корпорација за електрична енергија.

Генералниот директор за индустрија во Министерстото за развој, Спирос Ефстатопулос, денеска соопшти дека се повлекува од функцијата откако беше соопштено дека се подигнуваат обвиненија за злоупотреба на должноста против поранешните менаџери во Јавната корпорација за електрична енергија.

Атанасопулос и генералниот секретар во Министерството за финансии, Јоргос Мергос, поднесоаоставки во саботата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top