| четврток, 6 декември 2018 |

Потпишан договорот за НЛБ меѓу Загреб и Љубљана

slo hrvСловенија и Хрватска денеска го потпишаа договорот за решавање на стариот банкарски спор, отстранувајќи ја на тој начин пречката која се закануваше да го блокира членството на Загреб во ЕУ.

Хрватска се очекува да се приклучи кон ЕУ на 1 јули и денешниот договор го отвора патот Словенија да го ратификува договорот за членство на својот сосед во Унијата до овој датум.

Двете поранешни југословенски републики долги години се во спор за штедните влогови во поранешната словенечка Љубљанска банка од времето на СФРЈ.

Со договорот, кој го потпишаа премиерите на двете држави, се предвидува Хрватска да ги повлече тужбите против Словенија по ова прашање, кое, конечно, ќе се реши како дел од преговорите за наследството на СФР Југославија со помош на Банката за меѓународни порамнувања.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top