| четврток, 6 декември 2018 |

Железен бокс за вработен во пицерија во Гостивар

Гостин во гостиварска пицерија прво влегов во расправија со еден од вработените, а потоа го пречекал со железен бокс.

Дваесет и осумгодишниот Б.П. од Гостивар заработи кривична пријава за нанесување тешка телесна повреда.

На 26 септември годинава, околу 12 часот, во пицеријата „Х2О“, тој почнал вербална расправија со вработен, а потоа заминал од објектот.

Околу 15 часот Б.П. го пресретнал оштетениот додека одел накај дома и со железен бокс му нанел тешка телесна повреда во пределот на лицето.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top