| четврток, 6 декември 2018 |

Елка висока 18 метри ќе го краси Скопје

skopje-plostad-nova-godina

Град Скопје и годинава, традиционално, го реализира прoектот за украсување и декорирање по повод новогодишните и божикните празници, чијашто главна цел е да понуди свечени и естетски решенија за плоштадот и за централното градско подрачје.

Декорирањето и украсувањето, кои се во тек, ќе опфатат од плоштадот „Македонија“ до плоштадот „Пела“, како и плоштадот „Филип Втори“, пред црквата „Св. Димитрија“.

Традиционално ќе биде поставена централна новогодишна елка, висока 18 метри, со светлосни и други украсни елементи.

Декорирањето треба да заврши на 15 декември додека раскрасувањето ќе биде од 15 до 18 јануари 2015 година.

Новогодишните декорации ќе ги поставуваат фирмите „Линк медија“ од Скопје и „Лутарико ДООЕЛ – Скопје“, за што Градот Скопје ќе издвои 10.400.000 денари.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top