Двајца рудари се повредени во експлозија што се случи во петок изутрина околу 7.30 часот во рудникот „Индоминерали и метали“ во пробиштипското село Добрево, информираат од СВР Штип.
Од засега непознати причини во рудникот настанала експлозија при што се повредени четиририесет и двегодишниот Д.З. и четириесет и деветгодишниот З.Т., и двајцата од Пробиштип.
Неофицијално, на еден од рударите му експлодирал есплозив во лицето. Другиот е со полесни повреди.
Повредените се пренесени во Клиничкиот центар во Штип. Увид на лице место вршат државен инспектор по рударство и трудов инспектор, како и јавен обвинител од Штип.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


