| четврток, 6 декември 2018 |

Трајковски: Сè уште е присутен синдромот на нелојална конкуренција „зошто кај мене, а не кај комшијата“

Зго­ле­му­ва­ње­то на ин­ге­рен­ци­и­те, но­ви­те за­да­чи и об­вр­ски што ѝ се до­де­лу­ва­ат зна­чат и по­ве­ќе ра­бо­та за Упра­ва­та за јав­ни при­хо­ди, ко­ја се тру­ди си­те на­вре­ме и це­лос­но да ги сер­ви­си­ра, со цел да обез­бе­ди фер и ед­нак­ви ус­ло­ви за функ­ци­о­ни­ра­ње на прав­ни­те и на фи­зич­ки­те ли­ца

Да­ноч­на­та ад­ми­ни­стра­ци­ја се­ко­гаш се на­о­ѓа ме­ѓу ба­ра­ња­та на др­жа­ва­та и мож­но­сти­те на сто­панс­тво­то. Ефи­кас­на­та да­ноч­на по­ли­ти­ка што ја во­ди Ма­ке­до­ни­ја, ни овоз­мо­жи ду­ри и во ус­ло­ви на кри­за да обез­бе­ди­ме ста­бил­но ни­во на да­ноч­ни при­хо­ди, без до­пол­ни­тел­ни да­ноч­ни оп­то­ва­ру­ва­ња за сто­панс­тво­то и за гра­ѓа­ни­те, што не бе­ше слу­чај со дру­ги­те зем­ји. Се­то тоа по­зи­тив­но се одра­зу­ва врз одр­жу­ва­ње­то, но и уна­пре­ду­ва­ње­то на де­лов­на­та кли­ма во Ма­ке­до­ни­ја, но и, ге­не­рал­но, се­ко­ја де­лов­на при­каз­на во Ма­ке­до­ни­ја да про­дол­жи, да има кон­ти­ну­и­тет и да не згас­не – ве­ли за „Ре­пуб­ли­ка“ пр­ви­от чо­век на Упра­ва­та за јав­ни при­хо­ди, Го­ран Трај­ков­ски. Тој сме­та де­ка „каз­не­на­та по­ли­ти­ка“ на УЈП е по­ла­ба­ва во 2014 го­ди­на или има 75 про­цен­ти по­мал­ку изре­че­ни каз­ни во спо­ред­ба со из­ми­на­та­та го­ди­на. За сме­тка на ова, Упра­ва­та за јав­ни при­хо­ди из­вр­ши­ла 980 еду­ка­ции на да­ноч­ни­те об­врз­ни­ци или 538 по­ве­ќе спро­ве­де­ни еду­ка­ции на прав­ни ли­ца и на од­го­вор­ни ли­ца во спо­ред­ба со из­ми­на­та го­ди­на.

 

Kол­ку ќе чи­ни про­е­ктот „ГПРС во Ма­ке­до­ни­ја“, ка­кви ефе­кти оче­ку­ва­те од не­го и што со тие што сѐ уште не­ма­ат на­ба­ве­но но­ви фи­скал­ни апа­ра­ти?
ТРАЈКОВСКИ: Ко­неч­на­та број­ка на ГПРС фи­скал­ни апа­ра­ти ќе ја зна­е­ме на 31 ја­ну­а­ри, а не­ка­де на кра­јот на го­ди­на­ва би мо­же­ле ве­ќе да шпе­ку­ли­ра­ме со број­ка­та кол­ку ќе чи­ни про­е­ктот „ГПРС во Ма­ке­до­ни­ја“.
Во ста­ра­та еви­ден­ци­ја има­ме око­лу 85 ил­ја­ди ре­ги­стри­ра­ни фи­скал­ни ка­си, а од по­да­то­ци­те од те­ре­нот и врз ос­но­ва на по­да­то­ци­те за де­лов­ни­те еди­ни­ци од Цен­трал­ни­от ре­ги­стар, оче­ку­ва­ме на 31 ја­ну­а­ри да има­ме не­ка­де од 55 до 58 ил­ја­ди актив­ни фи­скал­ни ка­си. Раз­ли­ка­та во број­ки­те се ја­ву­ва би­деј­ќи мно­гу фир­ми што пре­ста­на­ле да ра­бо­тат или пре­ста­на­ле да ја ко­ри­стат ка­са­та не ја ис­пол­ни­ле об­вр­ска­та да ја од­ја­ват кај ов­ла­сте­ни­от про­из­во­ди­тел. Овој про­ект е огро­мен че­кор на­пред за си­те – Упра­ва­та, биз­ни­сот и, оп­што, за Ма­ке­до­ни­ја. Пр­венс­тве­но овоз­мо­жу­ва ре­ал­но сле­де­ње и еви­ден­ци­ја на про­ме­тот, а од дру­га стра­на зна­чи по­ед­но­ста­ву­ва­ње и на­ма­лу­ва­ње на тро­шо­ци­те на по­стап­ки­те за фи­ска­ли­за­ци­ја­та и тоа од са­ми­от мо­мент на ре­ги­стра­ци­ја. По­стап­ки­те на ре­ги­стра­ци­ја, кои тра­е­ја од три до пет де­на, се­га се све­де­ни на 10 ми­ну­ти, це­ла­та ко­му­ни­ка­ци­ја се од­ви­ва еле­ктрон­ски, без ни­ка­ква хар­ти­ја, до­ку­мен­ти… Се­то ова зна­чи ос­ло­бо­ду­ва­ње на мно­гу ре­сур­си во УЈП и тоа што најм­но­гу ќе ги ин­те­ре­си­ра об­врз­ни­ци­те – на­ма­лу­ва­ње на бро­јот на кон­тро­ли на УЈП на те­рен.

Те­кот на фи­ска­ли­за­ци­ја­та ја сле­ди­ме буд­но од по­ве­ќе стра­ни. Од ед­на стра­на, ин­те­ре­сот што по­стои кај ком­па­ни­и­те во за­кон­ски­те ро­ко­ви да ја по­чи­ту­ва­ат об­вр­ска­та, но, за жал, ка­ко и се­ко­гаш, и се­га се со­о­чу­ва­ме со на­ши­от мен­та­ли­тет – об­вр­ски­те да се ис­пол­ну­ва­ат пос­лед­ни­те де­но­ви, пред исте­кот на ро­ко­ви­те. И, од дру­га стра­на, мож­но­ста на про­из­во­ди­те­ли­те бла­го­вре­ме­но да од­го­во­рат и ус­лу­жат огро­мен број кли­ен­ти за два или три де­на. Ток­му од овие при­чи­ни, во по­сто­јан кон­такт сме и со про­из­во­ди­те­ли­те во од­нос на по­да­то­ци­те кол­ку ком­па­нии ја поч­на­ле по­стап­ка­та за фи­ска­ли­за­ци­ја и во ко­ја фа­за се – има­ат до­го­вор, про­фа­кту­ра, има­ат пла­те­но, ја че­ка­ат но­ва­та фи­скал­на ка­са…, а број­ка­та на об­врз­ни­ци и ГПРС ка­си за кои е за­о­кру­же­на по­стап­ка­та на ре­ги­стра­ци­ја ја до­би­ва­ме во ре­ал­но вре­ме пре­ку но­ви­от си­стем на УЈП. Во ва­кви слу­чаи и круп­ни ре­фор­ми, над­вор од здрав раз­ум е да каз­ну­ва­те. Упра­ва­та ни­ко­гаш не го на­пра­ви­ла тоа, ни­ту ќе го на­пра­ви.

 

Во пос­лед­ни­ов пер­и­од акту­ел­ни сте со да­ноч­ни­те кон­тро­ли во, ус­лов­но ка­жа­но, ри­зич­ни по­драч­ја ка­де што се из­бег­ну­ва­ат да­ноч­ни­те об­вр­ски, да­ли до­се­га има­ше по­ре­тки кон­тро­ли та­му или от­по­рот на кон­тро­ли­те не бе­ше тол­ку го­лем, па се­га се до­би­ва сли­ка де­ка не­што се пра­ви на си­ла?
ТРАЈКОВСКИ: Да­ноч­ни­те кон­тро­ли се се­ко­гаш акту­ел­ни и бу­дат ин­те­рес кај јав­но­ста, а кој ка­ква сли­ка са­ка да соз­да­де и ка­ков ин­те­рес се крие зад де­лум­но­то пре­зен­ти­ра­ње ин­фор­ма­ции и фа­кти за кон­тро­ли што се спро­ве­ду­ва­ат во це­ла Ма­ке­до­ни­ја, јав­но­ста не­ка оце­ни. За си­те на­ши кон­тро­ли го­во­рат број­ки­те и фа­кти­те, а тие се јав­но и транс­па­рент­но об­ја­ве­ни на на­ша­та веб-стра­ни­ца. Кон­тро­ли се спро­ве­ду­ва­ат се­кој ден и ќе ги има се­ка­де ка­де што УЈП има ин­фор­ма­ци­ја или при­ја­ва де­ка не­кој не ра­бо­ти ка­ко што тре­ба. За жал, син­дро­мот на не­ло­јал­на­та кон­ку­рен­ци­ја „зо­што кај ме­не, а не кај ком­ши­ја­та“ е сѐ уште при­су­тен се­ко­гаш ко­га се во пра­ша­ње да­ноч­ни­те кон­тро­ли.

 

Goran-Trajkovski-int117-2

 

Ка­кви не­пра­вил­но­сти се от­кри­ва­ат нај­че­сто при кон­тро­ли­те?
ТРАЈКОВСКИ: Кон­крет­но за кон­тро­ли­те во де­лот на фи­ска­­ли­за­ци­ја­та, нај­че­сто тоа е не­из­да­ва­ње фи­скал­ни сме­тки што про­из­ле­гу­ва од на­ме­ри­те на об­врз­ни­ци­те да не го ре­ги­стри­ра­ат во це­лост про­ме­тот во го­то­во, по­на­та­му не­во­де­ње на по­треб­на­та фи­нан­си­ска до­ку­мен­та­ци­ја, ко­ја ја на­ла­га за­ко­нот, и сѐ по­мал­ку об­врз­ни­ци што во­оп­што не­ма­ат фи­ска­лен апа­рат, од­нос­но ли­ца што не­ре­ги­стри­ра­но вр­шат деј­ност.

 

Ка­ков е трен­дот на изре­ку­ва­ње каз­ни го­ди­на­ва во од­нос на прет­ход­ни­те го­ди­ни?
ТРАЈКОВСКИ: Во кон­текст на прет­ход­но­то пра­ша­ња и ту­ка би наг­ла­сил де­ка ед­но е ка­ко не­кој мо­же или са­ка да ја пре­зен­ти­ра ра­бо­та­та на УЈП. Број­ки­те мо­же да ни се до­па­ѓа­ат или да не ни се до­па­ѓа­ат. А ако ги сле­ди­ме број­ки­те, „каз­не­на по­ли­ти­ка“ на УЈП е по­ла­ба­ва во 2014 го­ди­на или 75 про­цен­ти по­мал­ку изре­че­ни каз­ни во спо­ред­ба со из­ми­на­та­та го­ди­на. За сме­тка на ова, Упра­ва­та за јав­ни при­хо­ди из­вр­ши­ла 980 еду­ка­ции на да­ноч­ни­те об­врз­ни­ци или 538 по­ве­ќе спро­ве­де­ни еду­ка­ции на прав­ни ли­ца и од­го­вор­ни ли­ца во спо­ред­ба со из­ми­на­та го­ди­на. Ова ја по­твр­ду­ва на­ша­та за­лож­ба пре­вен­тив­но да дејс­тву­ва­ме во на­со­ка на на­ма­лу­ва­ње на да­ноч­ни­те пре­кр­шо­ци и на си­ва­та еко­но­ми­ја, да ги за­поз­на­е­ме но­во­ре­ги­стри­ра­ни­те об­врз­ни­ци за нив­ни­те пра­ва и об­вр­ски, но и ли­ца­та што вр­ше­ле не­ре­ги­стри­ра­на деј­ност да ги вне­се­ме во си­сте­мот, да ги еду­ци­ра­ме со цел да ста­нат вид­ли­ви и рам­но­прав­ни со си­те игра­чи на па­за­рот.

 

Ка­ко оди при­би­ра­ње­то да­но­ци и што илу­стри­ра акту­ел­ни­от тренд?
ТРАЈКОВСКИ: На мое огром­но за­до­волс­тво, мо­жам да ка­жам де­ка оваа го­ди­на на­ше­то сто­панс­тво­то е во до­бра кон­ди­ци­ја. Да­ноч­на­та ад­ми­ни­стра­ци­ја се­ко­гаш се на­о­ѓа ме­ѓу ба­ра­ња­та на др­жа­ва­та и мож­но­сти­те на сто­панс­тво­то. Ефи­кас­на­та да­ноч­на по­ли­ти­ка што ја во­ди Ма­ке­до­ни­ја ни овоз­мо­жи ду­ри и во ус­ло­ви на кри­за да обез­бе­ди­ме ста­бил­но ни­во на да­ноч­ни при­хо­ди, без до­пол­ни­тел­ни да­ноч­ни оп­то­ва­ру­ва­ња за сто­панс­тво­то и гра­ѓа­ни­те, што не бе­ше слу­чај со дру­ги­те зем­ји. Се­то тоа се одра­зу­ва по­зи­тив­но врз одр­жу­ва­ње­то, но и на уна­пре­ду­ва­ње­то на де­лов­на­та кли­ма во Ма­ке­до­ни­ја, но и, ге­не­рал­но, се­ко­ја де­лов­на при­каз­на во Ма­ке­до­ни­ја да про­дол­жи, да има кон­ти­ну­и­тет и да не згас­не.
Спо­ред до­се­гаш­на­та ди­на­ми­ка, да­ноч­ни­те при­хо­ди се дви­жат во рам­ки­те на пла­ни­ра­но­то и оче­ку­ва­ме та­ка да ја за­вр­ши­ме го­ди­на­та. Зго­ле­ме­на нап­ла­та бе­ле­жи­ме во спо­ред­ба со ми­на­та­та го­ди­на или 12,46 про­цен­ти по­ве­ќе нап­ла­те­ни да­ноч­ни при­хо­ди. По ви­до­ви да­но­ци, за пр­ви­те де­сет ме­се­ци нај­го­лем по­раст бе­ле­жи пер­со­нал­ни­от да­нок и тоа 18,57 про­цен­ти во спо­ред­ба со исти­от пер­и­од из­ми­на­та­та го­ди­на, по­на­та­му да­но­кот на до­би­вка за 16,59 про­цен­ти и ДДВ за 10,43 про­цен­ти.

 

Ка­ква е со­стој­ба­та со по­врат на ДДВ?
ТРАЈКОВСКИ: Сто­панс­тво­то го „сер­ви­си­ра­ме“ре­дов­но. По­вра­тот на ДДВ се ад­ми­ни­стри­ра и се од­ви­ва во рам­ки­те на утвр­де­ни­те ро­ко­ви. Зна­е­те, вра­ќа­ње­то на ДДВ е по­ка­за­тел за сте­пе­нот на до­вер­ба ме­ѓу др­жа­ва­та и биз­ни­сот. Ад­ми­ни­стра­тив­ни­те по­стап­ки во УЈП за ре­а­ли­зи­ра­ње на ба­ра­ња­та на по­врат тра­ат не по­ве­ќе од 15 де­на, се­ка­ко до­кол­ку об­врз­ни­кот ги по­ми­не си­те фил­три на ри­зик. Кај об­врз­ни­ци­те кај кои УЈП има сом­не­ние де­ка ба­ра­ат по­ве­ќе ДДВ од тоа што тре­ба да им се вра­ти се спро­ве­ду­ва­ат до­пол­ни­тел­ни про­вер­ки и инс­пек­ци­ска кон­тро­ла, по­ра­ди што по­стап­ка­та за по­врат мо­же да се одол­жи. Се­ко­гаш по­сто­јат оби­ди за фи­нан­си­ски мал­вер­за­ции со по­вра­тот на ДДВ на ште­та на бу­џе­тот.

 

Што по­ка­жу­ва при­би­ра­ње­то на ГДП, да­ли се зго­ле­му­ва про­цен­тот на ли­ца со ек­стра-при­хо­ди и да­ли и ка­ко ќе се одра­зи врз тоа за­дол­жи­тел­но­то пла­ќа­ње при­до­не­си за хо­но­рар­ци­те од на­ред­на­та го­ди­на?
ТРАЈКОВСКИ: Ма­ке­дон­ски­те гра­ѓа­ни ги при­ја­ву­ва­ат до­пол­ни­тел­ни­те при­хо­ди и, на мое огром­но за­до­волс­тво ка­ко да­ноч­ник, мо­жам да ка­жам де­ка под­не­су­ва­ње­то го­диш­на да­ноч­на при­ја­ва е ве­ќе на­ви­ка во Ма­ке­до­ни­ја, а не иск­лу­чок. Се раз­би­ра, се­ко­гаш по­сто­јат лу­ѓе што не­на­мер­но или на­мер­но ќе за­бо­ра­ват, но за­тоа ту­ка сме ние да ги по­тсе­ти­ме. Ма­сов­но­ста и огром­ни­от број на по­да­то­ци до­би­е­ни од ГДП ни овоз­мо­жи во из­ми­на­ти­те го­ди­ни да се соз­да­де ква­ли­тет­на да­ноч­на по­ли­ти­ка ко­га ста­ну­ва збор за да­ноч­ни­от трет­ман и за ус­лу­ги­те кон гра­ѓа­ни­те, кои се мно­гу спе­ци­фич­на ка­те­го­ри­ја да­ноч­ни об­врз­ни­ци и ба­ра­ат по­себ­но вни­ма­ние. Спо­ред на­ши­те ана­ли­зи, од го­ди­на во го­ди­на се зго­ле­му­ва бро­јот на ли­ца­та и из­но­сот на вкуп­ни­от при­ход што го ос­тва­ри­ле, но и сал­до­то на од­дел­ни­те ви­до­ви при­хо­ди бе­ле­жи на­гор­на ли­ни­ја.

Ви­до­ви­те на при­хо­ди, да­ноч­на­та ос­но­ва, да­ноч­ни­те ос­ло­бо­ду­ва­ња… кои гра­ѓа­ни­те ги при­ја­ву­ва­ат во ГДП се утвр­де­ни во За­ко­нот за пер­со­нал­ни­от да­нок на до­ход, а фи­нан­си­ски­те по­ка­за­те­ли по вид на при­ход во го­диш­на­та да­ноч­на при­ја­ва за­ви­си, пред сѐ, од ин­ди­ви­ду­ал­ни­от ан­гаж­ман на се­кој гра­ѓа­нин во те­кот на го­ди­на­та, но и од од­лу­ки­те на фир­ми­те и од трет­ма­нот на исп­ла­те­ни­от при­ход на фи­зич­ко­то ли­це.

За ефе­кти­те на из­ме­ни­те на За­ко­нот за при­до­не­си од за­дол­жи­тел­но со­ци­јал­но оси­гу­ру­ва­ње би мо­же­ле да го­во­ри­ме по 15 март 2016 го­ди­на, ко­га ќе ја пра­ви­ме ана­ли­за­та на го­диш­ни­те да­ноч­ни при­ја­ва што гра­ѓа­ни­те ќе ги под­не­су­ва­ат за ос­тва­ре­ни­те при­хо­ди во 2015 го­ди­на.

 

Разговараше: Александрија Стевковска
Фото: Александар Ивановски
(Интервјуто со Горан Трајковски е објавено во 117. број на неделникот Република, 28.11.2014)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top