Македонскиот гитарист Владимир Четкар по петти пат настапи во престижниот клуб „Блу ноут“ на Менхетн. Во преполниот клуб, меѓу гостите, беа и американскиот дипломат Филип Рикер со својата сопруга и амбасадорот на Македонија во САД, Зоран Јолевски, со своето семејство.
На свирката беше придружуван од Мотохито Фукушима на бас, Милан Милановиќ на клавир и Џефри Фахардо на тапани. Како гостин на концертот настапи и легендата на „Казабланка рекордс“ и „Диско музиката“, Ди Си Лару, кој заедно со Четкар го исполни својот најголем хит „Катедрали“.
Истиот ден во „Блу ноут“ настапи и музичката џез и фанк-икона „Круседерс“, и тоа со славната стара постава (Џое Семплс, Вејн Хендресон и Вилтон Фелдер) препознатлива по нивниот мегахит Стреет Лифе, кој таа вечер соул-дивата Ренди Каворд го исполни во интимна атмосфера.
„Блу ноут“ е престижно свртилиште на светски познатите џез-артисти, а меѓу нив ретка можност за настап имаше и нашиот Четкар.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.